Вести Еурека! по 34 години политичка неодговорност и дилетантизам...

Кузеска ја „симна маската“ и призна: Зборовите на политичарите имаат одговорност! Тоа не важи за СДСМ?

Портпаролката на опозициската СДСм, денеска ја симна маската (буквално и фигуративно) и кудејќи го премиерот Христијан Мицкоски меѓу редови и Фројдовски призна дека јавно искажаниот збор на еден политичар носел тежина и голема одговорност.  ЕУРЕКА!, извикаа аналитичарите. Упатувајќи ја пораката кон Мицкоски, таа Фројдовски и пластично го опиша сопствениот претседател, кој постојано од ракав тресе бројки и „факти“,  измислува анкети за кои не наведува извор, примерок, тајминг или изведувач, постојано се служи со шпекулации и како и таа самата, нон-стоп тера кооперациски афери и „шуш-буш“ муабети.

Кузеска ја „симна маската“ и призна: Зборовите на политичарите имаат одговорност! Тоа не важи за СДСМ?

Еден ден со маска, друг ден без маска. Ова е новото секојдневие за портпаролите на Бихаќка, каде наголемо во пропагандни цели ги користат заостанатите реквизити, финти и маски од времето на министерувањето на Филипче. Од времето на аферата со кинеските ковид-вакцини, она време кога Венко возеше со Заев со БМВ моторите од над 30 илјади евра додека граѓаните умираа како пилци. Време кога му „подарија“ АУДи Q8 џип од 130.000 евра (кој сега е продаден), време пред аферите и лумперајките по Дубаи, хациендата на Нерези, со јахтите од милион евра, време кога Зоран Заев само го спремаше да го замени на претседателскиот трон (читај Филпчева иницијација). И да му го чува истиот. Или, поверојатно, да го чува него од кривичен прогон за злодејанијата сторени во време на „владеењето“

Портпаролката на опозициската СДСм, денеска ја симна маската (буквално и фигуративно) и кудејќи го премиерот Христијан Мицкоски меѓу редови и Фројдовски призна дека јавно искажаниот збор на еден политичар носел тежина и голема одговорност.  ЕУРЕКА!, извикаа аналитичарите. Упатувајќи ја пораката кон Мицкоски, таа Фројдовски и најпластично го опиша сопствениот претседател, кој постојано од ракав тресе бројки и „факти“,  измислува анкети за кои не наведува извор, примерок, тајминг или изведувач, постојано се служи со шпекулации, шири и „штанца“ невистини и како и таа самата, нон-стоп тера кооперациски афери и „шуш-буш“ муабети.

„Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата“, изјави Кузеска, која заедно во една „општонародна“ опозициска работна акција со Левица  и ДУИ со недели, крајно симптоматично, ги злоупотребува крајно сомнителните пожари по Скопје и ги користи за дневно-политички поени и бедна партиска пропаганда.

Објаснувањето на експертите е дека немајќи што да понудат пред избори, создаваат паника, страв и влијаат врз расположението на граѓаните, опозицијата се реши на оваа „карта“ на сеење страв и невистини. 20-ната осомничени за пожарите кои денеска ги наведе премиерот, многу веројатно имаат и политичко милје, дознава Курир. Истрагата ќе го докаже истото, а партиите од опозицијата наверојатно ќе се вадат на фактот дека „Македонија е мала“, секој секому е роднина, та чуму и пироманите да не се блиски до некоја партија…

Кузеска со или без маска?

И фризурата е различна, значи и фризерот во СДСМ. Стилистот, исто, различен.

Само „авторот“, наративот и матрицата на кажаното од СДС (М не им одговара/прилега во името) се исти.

Веќе цели 34 години…

 

 

Најнови вести од Вести

To top