Хроника МВР

Кривична пријава за две лица од Делчево, еве што сториле

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Кривична пријава за две лица од Делчево, еве што сториле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(22) и Р.С.(24), двајцата од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 28.02.2025 на паркинг простор во Делчево, полициски службеници извршиле преглед над првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Додека, при преглед на патничко возило, управувано од второпријавениот, била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од тетрахидроканабинол.

Најнови вести од Хроника

To top