Македонија ДЗС

Ангелов: Се очекуваат нови пожари, оваа Влада има поголема проактивност со пожарите

Директорот нагласи дека последните пожари претставуваат хибриден настан.

Ангелов: Се очекуваат нови пожари, оваа Влада има поголема проактивност со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека сегашната Влада презела поинаков пристап во справувањето со пожарите и депониите во однос на претходната власт.

„Морам да укажам дека претходната Влада во овој дел мене не ми давала задолженија, така што депониите ги немам работено како ЦУК. Депониите ги работеше локалната самоуправа. Оваа Влада направи чекор понатаму, именувајќи ме за командант. Оваа Влада покажува поголема проактивност од претходната Влада во однос на пожарите. И во претходната Влада сум имал одврзани раце, сум кажувал. Но сега има повеќе“, рече Ангелов.

Прес-конференција на министерот Панче Тошковски 13.09.2025

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, September 13, 2025

Тој нагласи дека последните пожари претставуваат хибриден настан: „Избувнаа денеска два пожари. Едниот во семенара каде имало пластичен отпад и во Трубарево, а сето ова додека гори Дрисла“, рече Ангелов, најавувајќи дека се можни и нови напади.

„Очекуваме и нови напади (пожари), ќе се смири ситуацијата. Освен Јасен, немавме друга катастрофална состојба. Дојдете еднаш, посетете еден пожар“, додаде Ангелов.

To top