Македонија сериозна загриженост

Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

Апелирам граѓаните да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, додаде Чибишев.

Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

Доктор Андон Чибишев изрази сериозна загриженост поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад, посочувајќи на високите здравствени ризици кои произлегуваат од согорувањето на ваков вид материјал.

„Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен“, предупреди доктор Чибишев.

Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад.
При горење на електронски…

Posted by Андон Чибишев on Saturday, September 13, 2025

ввввв

Тој истакна дека овие гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хроничните болни лица, особено оние со срцеви, белодробни и малигни заболувања.

„Апелирам граѓаните да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, додаде Чибишев.

Апелот доаѓа во момент кога јавноста е вознемирена од серијата пожари во Скопје и околината, кои предизвикуваат ширење на токсичен чад и сериозни здравствени закани.

To top