Култура културно наследство од XIX век

Љутков: 40 милиони денари за реконструкцијата на Старата чаршија во Гевгелија

Проектот опфаќа реставрација на дуќаните, ново поплочување, урбана опрема, осветлување и подземни инсталации, објави министерот Љутков.

Љутков: 40 милиони денари за реконструкцијата на Старата чаршија во Гевгелија

Министер за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и тимот од Завод и музеј – Струмица извршија увид во реконструкцијата на Старата чаршија во Гевгелија – културно наследство од XIX век.

Со инвестиција од над 40 милиони денари, проектот опфаќа реставрација на дуќаните, ново поплочување, урбана опрема, осветлување и подземни инсталации, објави министерот Љутков.

Чаршијата ја зачувува својата автентичност и ќе стане современо културно-туристичко јадро, атрактивно за сите посетители.

Денес со градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и тимот од Завод и музеј – Струмица извршивме увид во…

Posted by Зоран Љутков on Friday, September 12, 2025

To top