Челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед со големо внимание ја следат ситуацијата околу големиот талент од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Дро Фернандез.
Станува збор за 17-годишен офанзивен играч за врска кој моментално настапува за младинскиот тим, а раководните лица на „црвените ѓаволи“ се убедени дека Фернандез може да биде идеален наследник на португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш.