На 05.01.2024 во 19:10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 22-годишник од скопско село, сопственик на фирма, пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари.
Според пријавеното, на 26.12.2023 лицето се претставило како вработен во друга фирма и му побарало понуда за неколку производи, а откако се договориле, истиот ден и на 28.12.2023 тој му ја испорачал нарачката преку автопревозник од Куманово. Како што е пријавено, на 05.01.2024 автопревозникот му се јавил и му кажал дека не добил пари за извршениот транспорт, по што тој ја побарал фирмата наводен побарувач и добил одговор дека тие не направиле никаква нарачка од неговата фирма, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.