Останати спортови

Новак Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши на Австралија Опен

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, се доближува до крајот на кариерата, но никој не знае со сигурност кога ќе се случи тоа. Сезонава, Ѓоковиќ и на 38 години успеа да дојде до полуфиналето на сите четири гренд-слем турнири. Сепак, таму не можеше против Јаник Снер и Карлос Алкараз, па прашање е дали тој би можел да ги победи на големите турнири кои следуваат.

Рене Стабс, поранешната тенисерка во двојки и тренер на Серена Вилијамс даде своја процена за крајот на кариерата на Ѓоковиќ.

„Имам чувство дека Австралија опен ќе биде неговиот последен голем турнир на кој ќе игра. Не верувам дека ќе сака да продолжи потоа и да оди на Ролан Гарос. Игра добро на секоја подлога, но не гледам дека би можел да ги добие тие момци во пет сета на земја и потоа да оди на Вимблдон.

Чувствувам дека Австралија опен е вистинското место да ја заврши кариерата. Тоа е местото каде што го освои својот прв гренд-слем турнирите, сите знаеме колку му значи тој турнир“, смета Стабс.

To top