Фудбал

Реал М и оваа година ќе ја бојкотира „Златната топка“

Реал М и оваа година ќе ја бојкотира „Златната топка“

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека никој од клубот на Реал Мадрид нема да присуствува и на овогодишната церемонија, која ќе се одржи на 22 септември.

Триесет играчи се номинирани за наградата, вклучувајќи тројца играчи на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Тибо Куртоа е номиниран за најдобар голман, а Каролин Вир е номинирана за најдобра фудбалерка.

Сепак, претставници на Реал Мадрид нема да патуваат на настанот.

Досега девет играчи на Реал ја имаат освоено наградата, која првпат беше доделена во 1956 година.

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле, играч на ПСЖ, се смета за фаворит за освојување на наградата оваа година.

To top