Скопје Увид во градежни работи на неколку проекти

Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе ја посети скопската општина Гази Баба, при што же изврши увид во градежните работи на неколку проекти, рекреативниот центар „Идризово“, изградба на градинка во Трубарево, како и реконструкцијата на улицата „Париска комуна“ во Хиподром.

Ве известуваме дека утре 10.09.2025 година (среда), претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Гази Баба.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на следните проекти:

– 12:15 часот увид во изградба на спортско рекреативен центар „Идризово“;

– 12:35 часот увид во изградба на градинка Трубарево;

– 12:50 часот увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром, проект финансиран од вториот повик на Владата, каде што ќе биде дадена изјава за медиуми, информираат од прес службата на владата.

To top