Регион Албанија

Во Албанија во август запленет имот вреден 26,5 милиони евра и 6,2 милиони во готовина

Само во текот на август во Албанија запленет е имот, во вредност од 26,5 милиони евра, стекнат од криминални активности, стои во месечниот биланс на државна полиција.

Во исто време запленети се и 6,2 милиони евра во готово, од банкарски сметки на осомничени, како и непријавени средства главно при влез во земјата.

„Во август спроведени се 90 полициски операции во кои беа уапсени 664 лица, од кои 61 лице барано со потерница. При претреси беа откриени и одземени 35 парчиња огнено оружје. Исто така, имаше судири со полициските службеници. Во една од рациите за расветлување на грабежи, осомничениот пукаше во полицијата, стои во полицискиот билтен.

Во рамки на акцијата за сузбивање на производство на марихуана откриени и уништени се 23.200 стебла марихуана.

„Случаите на пожари што изгореа над 50.000 хектари не беа изоставени од вниманието на полицијата. При тоа 76 лица се уапсени и обвинети за намерно или небрежно предизвикување пожар“, се наведува во полицискиот извештај.

Во областа на сообраќајот изречени се 112 илјади казни, пред се за возење под дејство на алкохол и дрога, непочитување на правото на првенство и дозволената брзина и управување возило под дејство на алкохол.

To top