Фудбал

Барди: Победа над Лихтенштајн ни носи многу

Барди: Победа над Лихтенштајн ни носи многу

На средбата со новинарите освен селекторот Милевски пред мечот со Лихтенштајн зборуваше и капитенот Енис Барди.

„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека го отворивме резултатот. Сите сме свесни што не очекува, направивме анализи и знаеме што мора да поправиме. Подготвени сме за дуелот со Лихтенштајн, а три бода можат да ни дадат многу да го завршиме овој прозорец на првото место.

Лихтенштајн и Белгија се целосно различни противници.

Секогаш кгоа се игра за Ма не ни е потребен мотив плус. Нас секогаш нè води шансата за трите бода. Сите сме свесни дека победа може многу да ни донесе. Одиме чекор по чекор, прво да победиме утре, а потоа да мислиме на следните предизвици“.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на националната арена „Тодор Проески“ в недела во терминот од 18:00 часот.

To top