Свет Газа

Финска се приклучува кон декларацијата за решение на израелско-палестинскиот конфликт со формирање две држави

Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија претставува најзначаен меѓународен напор за создавање услови за решение за две држави изминатите години, објави шефицата на финската дипломатија Елина Валтонен на платформата Икс

Финска се приклучува кон декларацијата за решение на израелско-палестинскиот конфликт со формирање две држави

Финска се приклучи на декларацијата за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави.

– Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија претставува најзначаен меѓународен напор за создавање услови за решение за две држави изминатите години, објави шефицата на финската дипломатија Елина Валтонен на платформата Икс.

Декларацијата е резултат на меѓународната конференција на ОН за деценискиот конфликт, организирана од Саудиска Арабија и Франција во јули. САД и Израел го бојкотираа настанот.

Првиот чекор наведен во декларацијата е да се стави крај на речиси двегодишната војна помеѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа.

Саудиска Арабија и Франција ги повикаа земјите-членки на ОН да ја поддржат декларацијата, која ги наведува „конкретните и неповратни чекори со јасни рокови“ за спроведување на решението за две држави.

За разлика од некои европски земји, како што се Шпанија и Норвешка, Финска не ја признава палестинската држава.

To top