Маја Мојсова Миовска, кандидатка на СДСМ за градоначалник на општина Карпош, повеќе од 15 дена не го следи сопствениот претседател на Фејсбук.
Ова се гледа со едноставен „клик“ на социјалната мрежа и претставува индиција дека „дејствувањето“ на Венко Филипче не е интересно ниту за неговите пулени, лично од него избрани за да ја претставуваат партијата на локалните избори кои следуваат.
Коментарите по кулоарите се дека ова е уште еден јасен показател за хаосот и расколот во некогаш „државотворната“ партија, која соочена со дебаклот кој следува се поачик и појавно гласно презентира незаинтересираност за претстојното соочување, индиферентност базирана на фактот што сите се’ повеќе од свесни за катастрофалните резултати кои ги очекуваат.
Актуелниот градоначалник на СДСМ, Костадинов, посака „барем еден градоначалник“ на локалните избори, а екс заменик министерот за економнија, Кирил Колемишевски во колумна за Нова Македонија прогнозираше дебакл и побара реструктуирање на партијата која ита кон политичка бездна со актуелното раководство.
На социјалните мрежи веќе се шегуваат дека е парадоксално што додека СДСМ веќе 34 години (колку што сме независни) ги „следи“ своите политички опоненти, 100-ци новинари и армија граѓани со помош на своите кодошки експоненти по државните безбедносни служби, а самите СДС-експоненти не ги СЛЕДАТ ни активностите на сопствениот лидер кој ги наместил на позициите.
Другото објаснување е дека, свесни за улогата на жртвени јаниња без никакви шанси за победа, всушност и е добро што кандидатите за градоначалници не го следат сопствениот претседател, особено поради фактот што во афект и нервоза би можеле и да му ја напишат вистината во коментар на ФБ.
