Фудбал

Трајковски: Мора да извадиме поука oд поразот!

Трајковски: Мора да извадиме поука oд поразот!

По средбата со Саудиска Арабија Александар Трајковски  истакна дека ова беше вистински тест за нив пред дуелот со Лихтенштајн.

„Индивидуално за мене, дадов прекрасен гол и среќен сум за тоа, но резултатот ми е поважен затоа што сите играме како тим. Ова беше тест за нас пред Лихтенштајн, имавме тежок меч, ривалот ги искористи двете наши грешки и ни даде два гола, а јас како по секој меч гледам да ги извлечам позитивните работи и да ги пренесеме на следниот дуел. Ние немавме десет меча пораз, но нема потреба да паѓаме, фудбалот е таков. Мора да извадиме поука и да се спремиме добро за Лихтенштајн со кого играме за важни три бода.“

To top