Економија Премиерот оптимист

Ковачевски очекува инфлацијата да биде под шест отсто до крајот на годината

Според него, резултатите од мерките во однос на намалување на цените на основните прехранбени производи веќе даваат ефекти, а тоа ќе биде потврдено преку новите податоци за нивото на инфлацијата.

Ковачевски очекува инфлацијата да биде под шест отсто до крајот на годината

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во обраќањето по посетата на Скопската пиварница, рече дека очекува инфлацијата до крајот на годината да биде под шест проценти.

-Со сите мерки што ги преземаме, навистина сум оптимист дека инфлацијата ќе успееме да ја сведеме инфлацијата под шест отсто до крајот на годината. Веќе покажавме дека умееме да ја намалиме дури двојно за само една година, истакна Ковачевски.

Според него, резултатите од мерките во однос на намалување на цените на основните прехранбени производи веќе даваат ефекти, а тоа ќе биде потврдено преку новите податоци за нивото на инфлацијата.

-Мислам дека тоа ќе се случи денес или утре. Лично очекувам дека инфлацијата во однос на претходниот месец ќе биде не повеќе од еден процент, а во однос на минатата година за истиот месец под четири проценти, напомена премиерот.

Тој најави дека ќе биде проширена листата на производи со „гарантирана цена“. Воедно, рече, очекува дополнително намалување на цените со предложениот закон за нефер трговски практики со кој се опфатени 26 нефер трговски практики.

To top