Свршеницата на Кристијано Роналдо блесна во Венеција на голем филмски настан.
На 82-от Филмски фестивал во Венеција се одржа премиерата на филмот „Татко Мајка Сестра Брат“, а парадата на познатите ѕвезди не нè разочара ниту овој пат.
Покрај гламурозните тоалети и креации, вниманието на јавноста го привлече само една – Георгина Родригез, свршеница на фудбалерот Кристијано Роналдо.
View this post on Instagram
Се чини дека славеничката атмосфера по повод свршувачката сè уште ја „држи“ убавицата, а прстенот, кој чини помеѓу два и пет милиони долари, гордо е комбиниран со нејзините смели комбинации.
Имено, таа прошета по црвениот тепих во црн чипкан макси фустан украсен со цветни детали и длабоко деколте. Покрај тоа, тоалетата ги истакнуваше бујните гради и облини, а забележлива беше и малата насмевка што им ја испрати на љубопитните фотографи.
View this post on Instagram
Стајлингот го комплетираше со скапа огрлица, таканаречениот чокер, обетки и, секако, дијамантскиот прстен што го доби од нејзиниот сакан.