Македонија Здружение на новинари

ЗНМ за КУРИР: Немаме добиено пријави од новинари за незаконско прислушување, подготвени сме да обезбедиме правна поддршка

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат.

ЗНМ за КУРИР: Немаме добиено пријави од новинари за незаконско прислушување, подготвени сме да обезбедиме правна поддршка

Здружението на новинари на Македонија досега нема добиено официјални поплаки или пријави од новинари за незаконско прислушување, велат од ЗНМ откако КУРИР од таму побара коментар по повод објавите во медиумите дека поранешниот директор на АНБ наредил следење и прислушување на новинари, како и на политичари.

-Потсетуваме дека секое евентуално прекршување на правата на новинарите би претставувало сериозна закана за слободата на медиумите и за правото на јавноста да биде информирана. ЗНМ останува отворено за сите свои членови, подготвено да обезбеди правна поддршка и да побара институционална реакција и одговорност, доколку има сериозни индиции за нелегално следење и прислушкување на медиумски работници, велат од ЗНМ за КУРИР.

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.

Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.

Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски, двајцата од редовите на тогаш владејачката СДСМ.

 

Најнови вести од Македонија

To top