Во текот на викендот се соочивме со огромен пожар непосредно во близина на СЦ „Борис Трајковски”, односно на само педесетина метри од лизгалиштето во склоп на спортскиот центар.
За среќа, брзата реакција на МВР и пожарникарите спречи ширење на пожарот и зафаќање на делови од објектот, како и на моторни возила кои што беа паркирани на паркинзите наоколу, истакна директорот на СЦ „Борис Трајковски”, Данијел Апостолоски.
Posted by Danijel Apostoloski on Monday, September 1, 2025
Директорот потенцира дека пред само еден месец, кога имавше пожари на многу локации околу Скопје, како и во неколку населени места во градот, побарале од Град Скопје и Општина Карпош да бидат искосени запуштените места, токму поради можноста за пожари на површини со високи и суви треви околу спортскиот центар, со надеж дека барем ќе одговорат на нивното барање и ќе реагираат, меѓутоа досега само молк и од двете страни.


Беше известено и ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје и за воља на вистината, единствено оттаму добивме повратен одговор дека не се надлежни, објави Апостолоски.

„Дали градоначалникот на општина Карпош или градоначалничката на Град Скопје знаат само да снимаат видеа наоколу и да водат кампања, или ќе беше многу понормално да засукаат ракави и да ги превенираат ваквите несакани ситуации, барем во централното подрачје на градот?“, праша директорот Апостолоски.
Во текот на викендот се соочивме со огромен пожар непосредно во близина на СЦ „Борис Трајковски”, односно на само…
Posted by Danijel Apostoloski on Monday, September 1, 2025
„Бидејќи очекувам реакција дека можеби се работи за приватен имот, ќе бидам дециден. Сопственикот на имотот е должен да го одржува просторот, а доколку истиот не се одржува, општината и градот го известуваат дека истиот ќе биде доведен во ред од нивна страна, за што ќе му биде фактурирано за трошоците.
Дали некогаш е испратен таков документ до некој сопственик на приватен имот во околината на СЦ „Борис Трајковски” и зошто не преземавте ништо кога учтиво ве известив за ситуацијата?
Во вакви ситуации не помагаат ниту видеата, ниту терањето кампања, туку засукување ракави и работење на безбедност на граѓаните. Помалку зборување, повеќе работа, додаде во објавата.