Денеска во Драчево ја продолжуваме активноста „Предложи ја вистинската идеја за нашата општина“, објави на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.
Досега направивме многу чекори напред, но нашата работа не застанува тука. Имаме визија и волја, време е уште повеќе идеи да претвориме во дела!
Секоја ваша идеја е значајна. Со здружени сили можеме да правиме вистински промени, како што и досега сме правеле, така и во иднина ќе продолжиме, пишува во својата објава Бети Стаменкоска Трајкоска.