Скопје

Под контрола пожарот до училиштето и градинката „Св. Климент Охридски“ во Бутел

Пожарот кој попладнево избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште Св. Климент Охридски во Бутел е ставен под контрола, изјави за МИА градоначалникот на општината Дарко Костовски.

Тој и на својот Фејсбук профил објави дека не сака да верува дека овој чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе.

-По здрава логика станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од новоизградента детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе. Им честитам на храбрите пожарникари и на навремената нивна реакција, наведува Костовски во објавата.

Градоначалникот јавно се заблагодари на командирот на ПС Бутел кој прв стигна на лице место и на кризниот штаб на Општина Бутел.

Најнови вести од Скопје

To top