Премирот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци.
-Ве известуваме дека утре 30.08.2025 година (сабота) Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија ќе ја посети Општина Кавадарци.
Во 13:00 ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на градски базен, каде што ќе даде изјава за медиуми.
Потоа ќе го посети ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во 13:35 часот.
Во 13:55 часот ќе изврши увид на изградба на патеката Глишиќ- Марена, како и на спортската сала во село Марена, информираат од прес службата на владата.