Пејачката Тања Савиќ со својот вереник Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад, и нејзините синови уживаат на море, од каде што сега го објави видеото.
Имено, Тања се снимала себеси додека зајдисонцето се ширело зад неа, а потоа го уловила и моментот кога нејзиниот вереник го прегрнал нејзиниот син од првиот брак, што особено ја трогнало.
Пејачката не ја тргна насмевката од лицето, а во описот на видеото едноставно напишала: „Љубовта е сè“.
Многу се шпекулираше како се согласува Бешиќ со децата на Тања, па ова видео ја откри вистината.
View this post on Instagram