Македонија Успение на Пресвета Богородица

Стаменкоска Трајкоска: Пресвета Богородица нека ги заштити нашите семејства и нека ја води Македонија кон подобра иднина

„Пресвета Богородица нека ги заштити нашите семејства и нека ја води Македонија кон подобра иднина, а денешниот празник нека донесе мир, здравје и радост во секој дом“ – порача Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска: Пресвета Богородица нека ги заштити нашите семејства и нека ја води Македонија кон подобра иднина

На овој голем ден Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица кога сите сме свртени кон духовноста и надежта, ја посетив црквата „Св.Спас” за да се помолам за здравје и благосостојба на нашите семејства во цела Македонија, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Отец Оливер и Отец Гоце се мојата најголема поддршка во моменти кога ми е најпотребна сила, вера и надеж, а денес со својата мудрост и тивка духовна молитва повторно ме потсетија на силата на верата, духовноста и семејните вредности кои нѐ обединуваат и ни даваат мир во секојдневието. Од срце им благодарам што секогаш ја споделуваат љубовта кон луѓето и ни помагаат да чекориме по патот на вистината, добрината и смирението, истакна таа.

„Пресвета Богородица нека ги заштити нашите семејства и нека ја води Македонија кон подобра иднина, а денешниот празник нека донесе мир, здравје и радост во секој дом“ – порача Стаменкоска Трајкоска.

To top