Откако претходно Алехандро Гарначо се договори со светскиот првак, проблем беше меѓу клубовите.
Јунајтед бараше 60 милиони евра, додека Челзи немаше намера да ја плати таа сума.
Последно е што пренесуваат медиумите на Островот е тоа што и двата клуба се договориле за 40 до 46 милиони евра, има тука и некои дополнителни бонуси, но најважно е што сега нема пречки овој трансфер да се реализира.
Исто така се пренесува дека до петок Гарначо ќе оди во Лондон на лекарски прегледи, а потоа се знае потпис и промоција.