Свет

Иран: Преговараме за нуклеарната програма за да спречиме повторно воведување на санкции

Иран денеска соопшти дека „со сите сили“ преговара за да ги спречи Европејците повторно да воведат меѓународни санкции, предвидени со нуклеарниот договор од 2015 година.

– Наш приоритет е да спречиме каква било акција или инцидент што би можел скапо да ја чини земјата, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај пред разговорите закажани за денеска во Женева со претставници на Велика Британија, Франција и Германија.

Трите европски земји се заканија дека на есен ќе го иницираат механизмот за враќање на меѓународните санкции кон Иран согласно со договорот за иранската нуклеарна програма, кој предвидува значителни ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за постепено укинување на санкциите од ОН.

Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.

Иран тврди дека нуклеарна енергија е за цивилни цели и негира дека сака да се стекне со атомска бомба, во што се сомневаат западните земји.

To top