Хроника СВР Битола

Измама со лажна сообраќајка: Битолчанка измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена, соопшти МВР.

Измама со лажна сообраќајка: Битолчанка измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

Вчера во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето.

Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top