Скопје Ѓорче Петров

Стојкоски со отчет: Во изминатите четири години реализиран е историски најголем инвестициски циклус

Како што нагалси, во изминатите четири години реализиран е историски најголем инвестициски циклус.

Стојкоски со отчет: Во изминатите четири години реализиран е историски најголем инвестициски циклус

Да се биде на чело на една општина како Ѓорче Петров, која во последниве години го доживува најголемиот подем во своето постоење е огромна чест, одговорност и привилегија. Нашата заедничка приказна е приказна за труд, чесност и дела што оставаат трајна вредност, порача првиот човек на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на синоќениот отчет за сработеното.

🔴🟡 Почитувани сограѓани,

Да се биде на чело на една општина како Ѓорче Петров, која во последниве години го доживува…

Posted by Александар Стојкоски on Monday, August 25, 2025

Како што нагалси, во изминатите четири години реализиран е историски најголем инвестициски циклус. Тој ги наброја сработените проекти:

– 150 нови и реконструирани улици низ сите населби – повеќе од 142 милиони денари вложени, а до крајот на мандатот уште 100 нови улици и краци.

– Нова спортска сала во Хром – првата во ова училиште, вредна скоро 20 милиони денари.

– 8 нови спортски терени и реконструкции – модерни игралишта во сите населби, нови терени со вештачка трева, тартан подлога и мултифункционални површини.

– Нова општинска зграда – дом на сите услуги на едно место, симбол на модерна и отчетна администрација.

– Реконструкција на најстарата улица Радушка – нов асфалт, канализација, тротоар и осветлување.

– Реконструкција на старото училиште во Кучково – прв Регионален центар за деца кои го победиле карциномот во целиот Балкан.

– Нова детска градинка во Стопански двор – капацитет за над 150 деца, инвестиција од 60 милиони денари.

– Пречистителна станица и колектор во Орман – трајно решение за отпадните води, европски стандарди и здрава животна средина.

– Бесплатна градинка и оброци за 135 деца на бранителите – со посебна почит кон семејствата кои најмногу дале за Македонија.

– Нов локален пат Волково – Орман – инвестиција од 17 милиони денари, клучна за отворање индустриска зона и економски развој.

Градоначалникот на Ѓорче вели дека во изминатите четири години:

– Целосно ги отплативме наследените 4 милиони евра долг.

– Вложивме 300 милиони денари во капитални проекти, што е повеќе од било кога досега.

– Тројно го зголемивме буџетот, а тоа значи повеќе пари назад кај граѓаните – во образование, социјална заштита, спорт, култура и поддршка за ранливи категории.

– Она што порано се правеше за три години, денес го правиме за една. Она што изгледаше недостижно, денес е реалност. Но ова е само почеток и само дел од сработеното, рече тој и најави ннови капитални проекти – изградба на нови детски градинки, проширување на училиштата, нови улици и модерна инфраструктурна мрежа што ќе го подигнат Ѓорче Петров на уште повисоко ниво на развој.

– Следуваат уште четири години работа, проекти и победи. Ѓорче Петров ќе продолжи да расте, да се развива и да остсне дом на сите нас, заврши Стојкоски.

Најнови вести од Скопје

To top