Свет Боливија

Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија

-Ние не ги признаваме договорите на Арсе и сè што направија (…) тие нема да бидат одобрени, рече овој поранешен биливиски претседател (2001-2002), кој на 19 октомври ќе се соочи со сенаторот од десниот центар Родриго Паз во вториот круг од претседателските избори

Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија

Десничарскиот претседателски кандидат во Боливија, Хорхе Кирога, во интервју за француски медиуми изјави дека доколку биде избран на функцијата сите договори за продажба на литиум на Кина и Русија од страна на левичарскиот претседател во заминување Луис Арсе „нема да бидат одобрени“.

-Ние не ги признаваме договорите на Арсе и сè што направија (…) тие нема да бидат одобрени, рече овој поранешен биливиски претседател (2001-2002), кој на 19 октомври ќе се соочи со сенаторот од десниот центар Родриго Паз во вториот круг од претседателските избори.

To top