Свет Пакистан

СБ одобри грант од 47 милиони долари за основното образование во Пакистан

Светска банка одобри грант од 47,9 милиони долари за подобрување на основното образование во пакистанската покраина Пенџаб

СБ одобри грант од 47 милиони долари за основното образование во Пакистан

Светска банка одобри грант од 47,9 милиони долари за подобрување на основното образование во пакистанската покраина Пенџаб.

Според Фондот на Обединети нации за деца (УНИЦЕФ) Пакистан се соочува со сериозен предизвик да обезбеди образование за сите деца. Дури 22,8 милиони деца на возраст од пет до 16 години не посетуваат настава, што е 44 проценти од децата.

Во пакистанската покраина Белуџистан 78 отсто од девојчињата не се образуваат, а нивниот процент во Синду изнесува 58 отсто.

УНИЦЕФ предупредува дека ограничените средства, социокултурните бариери и недостатокот на училишни објекти го отежнуваат пристапот до образование, особено за девојчињата.

УНИЦЕФ нагласува дека инвестирањето во предучилишно образование има најголем ефект врз децата од сиромашни и ранливи семејства.

To top