Свет Европската унија на страна на Украина

Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина

Русија вчера изврши масовен воздушен напад врз Киев и Харков. Во рускиот напад загинаа пет лица, 130 беа повредени, а повеќе од 250 цивилни згради беа оштетени.

Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура во Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства.

„Русија ја почна новата година со истрелување на над сто проектили и беспилотни летала кон Киев, Харков и другите украински градови, целејќи цивили, уништувајќи станбени области и инфраструктура. Русија ќе биде повикана на одговорност за своите воени злосторства“, напиша Борел на платформата X.

Првиот европски дипломат уште една потврди дека Европската унија ќе застане на страна на Украина.

Русија вчера изврши масовен воздушен напад врз Киев и Харков. Во рускиот напад загинаа пет лица, 130 беа повредени, а повеќе од 250 цивилни згради беа оштетени.

Најнови вести од Свет

To top