Македонија Министерство за здравство

Министерството за здравство ја достави документацијата за надзор на Стоматолошка комора за натамошно постапување

Министерството за здравство информира дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавно обвинителство на РМ за натамошно разгледување и постапување, согласно законските надлежности.

Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година.

Дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.

Во однос на процедурата за добивање или продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што Министерството за здравство времено ги презеде надлежностите, потсетуваме дека докторите може да ја достават документацијата во архивата на Министерството за здравство, до сектор за стоматолошка здравствена заштита.

To top