Свет Шведска

Шведскиот премиер вели дека притисокот врз Русија мора да се засили

Шведскиот премиер Улф Кристерсон најави серија состаноци, прво во формат на таканаречената „Коалиција на подготвените“, а потоа и на ниво на Европската унија, со цел зајакнување на поддршката за Украина.

Во објава на социјалната мрежа „X“, Кристерсон потсети дека Шведска е петтиот најголем донатор на Украина и нагласи дека неговата земја е длабоко свесна за директните последици што исходот од војната ги има врз нејзината национална безбедност.

Премиерот беше јасен во својата порака за понатамошните чекори.

-Притисокот врз Русија мора да се засили и го нагласувам ова во секој разговор, рече Кристерсон.

To top