Скопје Општина Ѓорче Петров

ВИДЕО: Обновени 70 клупи низ Ѓорче Петров

Насмеани лица и задоволни сограѓани е најголемата потврда дека заедно го правиме Ѓорче поубаво место за живеење, потенцира Стојкоски.

ВИДЕО: Обновени 70 клупи низ Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку социјалните мрежи сподели дека во рамки на општината, обновени се 70 клупи, со нови даски и целосно бојадисани рамки.

Тој сподели и видео од процесот на обнова на клупите.

Обновени се 7️⃣0️⃣ клупи – со нови даски и целосно бојадисани рамки.

Заедно го правиме Ѓорче поубаво место за живеење. 🤝

Posted by Александар Стојкоски on Monday, August 18, 2025

-При обиколката низ паркот се сретнавме со многу насмеани лица и задоволни сограѓани – најголемата потврда дека заедно го правиме Ѓорче поубаво место за живеење. Парковската зона е сега попријатна, поуредена и потопла за одмор и рекреација на сите наши жители. Пред нас е период полн со настани токму тука, во срцето на нашиот парк, потенцира Стојкоски.

✨ Централниот парк во Ѓорче Петров со нов сјај! 🌳

Обновени се 7️⃣0️⃣ клупи – со нови даски и целосно бојадисани…

Posted by Александар Стојкоски on Monday, August 18, 2025

To top