Хроника СВР Скопје

Торба со марихуана најдена во автобус во гаражата на затворот Идризово

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Торба со марихуана најдена во автобус во гаражата на затворот Идризово

Денеска (18.08.2025) околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top