Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово присуствуваше на централното одбележување на Денот на Армијата на Македонија, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Овој ден не е само симболичен празник, туку и свечен момент на сеќавање, гордост и обединување околу најсветото — нашата татковина, објави Стефковски.
🇲🇰ДА ЖИВЕЕ АРМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА‼️
🫶Утрово со посебна чест и длабока почит, присуствував на централното одбележување…
Posted by Бобан Стефковски on Monday, August 18, 2025
Тој додаде дека Армијата на Македонија не е само институција. Таа е симбол на суверенитетот, стабилноста и достоинството на државата. Таа е штитот што го брани мирот, иднината и честа на народот. Во секоја униформа се ивезени стотици години борба, страдање, надеж и решителност. Во секој поглед на македонскиот војник, се гледа љубовта кон земјата и храброста што нема цена.
„Посебна тежина носи и самото место на чествување — касарната што го носи името на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери. Неговата борба за слободна Македонија, за правда и достоинство, е вечна светлина за сите генерации. Сандански беше човек што не прифаќаше потчинетост, туку веруваше во идеалот на народот — слобода или смрт!
Се поклонувам пред секој војник кој со гордост ја носи униформата на Македонија. Во нивната решеност, стои волјата да се брани татковината дури и со сопствениот живот. Тоа е врвниот чин на пожртвуваност, за кој зборови понекогаш не се доволни.
Се сеќаваме со тага, но и со бескрајна почит, на сите паднати херои. Нивната жртва е темелот врз кој ја градиме нашата слобода. Пред нивното дело, стоиме со наведната глава како почит на нивната жртва, но со исправена кичма, тивко и достоинствено“, потенцира во објавата.