Регион Грција

Општина Атина ги отстранува телефонските говорници

Крај на една ера за напуштените телефонски говорници во Атина, напиша атинскиот градоначалник Харис Дукас на социјалните мрежи, информирајќи дека општината започнала да ги отстранува телефонските говорници во грчката метропола, кои се нефункционални и оштетени, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општина Атина соопштија дека досега биле постепено отстранети 63 говорници, до крајот на месецов се очекува да се отстранат уште 24, а дополнителни 67 отстранувања ќе следат до октомври.

Додадоа дека со години, десетици телефонски говорници се неактивни во различни делови од градот, без функционална употреба, влошувајќи ја сликата на јавниот простор и создавајќи пречки за пешаците и лицата со попреченост, но и дека се извори на загадување и причина за несреќи.

-Отстранивме 63 напуштени телефонски говорници од тротоарите во градот, кои беа пречки за пешаците, лицата со попреченост и извори на загадување, напиша Дукас на социјалните мрежи.

Целта според општина Атина е да се подобри сликата на градот и јавниот простор да биде достапен за сите.

To top