Во паркот во Кисела Вода денеска се организираше првиот инклузивен роденден.
-Леон наполни 12 години, и со таа негова искрена, широка насмевка како да го осветли целиот свет околу себе. Тој е прекрасно момче со аутизам, но пред сè е дете со големо срце, кое знае да допре до секого што ќе му се приближи со љубов.
Овој роденден не беше само прослава беше посебен, топол, и многу значаен момент. Прв пат е организиран јавен инклузивен роденден, каде што секое дете беше прифатено, видено и сакано, токму такво какво што е. Без маски, без прегради. Само деца кои се радуваа, се гушкаа, се смееја и играа заедно
Од срце сум благодарна на семејството на Леон за довербата и за огромната љубов што ја сподели со сите нас. Ви благодарам на сите кои помогнавте овој ден да биде полн со топлина, разбирање и вистинска радост.
Овој роденден ни покажа дека светот станува поубав кога љубовта и прифаќањето се на прво место. Нека такви денови има што повеќе, објави Стаменкоска Трајкоска.