Трамп за „Фокс њуз“: Блиску сме до договор за Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор за завршување на војната во Украина е можен по неговиот самит со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, јави ДПА.
„Мислам дека сме доста блиску до договор. Но, Украина мора да се согласи – претседателот Зеленски мора да се согласи“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. На прашање каков совет би му дал на Зеленски, тој одговори: „Направете договор“.
Трамп ја опиша Русија како „многу голема сила“, а Украина не, додавајќи дека Путин веројатно сака решение. Сепак, нагласи дека секогаш постои ризик: „Дури и кога сум блиску, велам 50:50, бидејќи многу работи може да се случат“.
По речиси тричасовниот самит, Трамп и Путин изјавија дека постигнале согласност за многу прашања, но не и конечен договор. На заедничката прес-конференција не беа објавени детали, ниту беше дозволено новинарски прашања.