Пожарот во Јажинце ставен под контрола, нормализиран е сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце, кои претходно беа затворени поради пожар во близина на Јажинце.