Хроника

Уапсен возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога

Уапсен возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.

-Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода, информира МВР.

По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top