Земјотресот со јачина 7,6 степени по Рихтер е најсилниот забележан на полуостровот Ното во префектурата Ишикава од почетокот на мерењата во 1885 година, објави Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри и ја погоди Јапонија во 16:10 часот по локално време. Епицентарот бил околу 42 километри североисточно од Анамизу во префектурата Ишикава.
По силниот земјотрес следеле низа накнадни потреси, со јачина од 5,2 до 6,2 степени.
Службеник на Јапонската метеоролошка агенција кажа дека по денешниот земјотрес било издадено предупредување за цунами, што е првото големо предупредување од тој вид од март 211, кога Јапонија ја погоди еден од најсилните земјотреси во историјата.
Силниот земјотрес кој ја погоди Јапонија на 11 март 2011 предизвика силно цунами кое на североистокот на Јапонија срамни цели населби со земја и ја предизвика нуклеарната катастрофа во Фукушима.