ДУИ и Бујар Османи се во паника. Знаат дека во Чаир доаѓа неизбежен пораз и дека граѓаните нема да наседнат на нивните лажни приказни. Бујар Османи е свесен дека неговиот празен политички кариеризам, без проекти, без резултати, овој пат ќе му зарши. Бујар Османи не е кандидат на Чаир, за Чаир. Во дваесет години кариера не направил ниту еден проект за општината, ниту помогнал на било кој жител на Чаир. Секогаш бил тука само кога му требала политичка корист за себе. Не направил ниту за било која друга албанска општина, велат од ВРЕДИ.
ВРЕДИ објавува факти за кои вели дека Чаир ги знае:
-Османи е осомничен во предметот „Пациент“ и доби амнестија за незаконски набавки. На кого се ште му е должен за таа амнестија, треба да одговори. Има неколку негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за милионски незаконски трошења како министер за здравство. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без никакви документи и покритие. Заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и српските казина во Македонија, отворајќи врата за сомнителен капитал, се наведува во нивното соопштение.
Од ВРЕДИ велат дека Чаир не заслужува кандидат кој дваесет години живее од политички функции, а не од работа за граѓаните.
-На 19 октомври, Чаир ќе избере човек кој е тука, кој ги познава проблемите, ги решава и стои до граѓаните – а не политичар кој доаѓа само за да ја надополни својата биографија. Бујар Османи нека одговори зошто додека целиот свој живот беше министер во сите влади, не обезбеди пари и проекит за албанските општини, зошто не помога за ниту една улица, булевар, градинка или училиште во Чаир, зошто не се градеше ништо во западнито дел од државата. Топло му препорачуваме да продолжи со празни политикантски флоскули, без содржина и одговорност. Така ќе се открие неговиот кариеризам во целост.