Македонија

Извршена уште една трансплантација на органи од починат донор, трансплантираните пациенти во добра состојба

Извршена уште една трансплантација на органи од починат донор, трансплантираните пациенти во добра состојба

По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште една трансплантација на органи од починат донор.

-Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за посветеноста. Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега, информира Министерството.

Од таму додаваат дека на пациентите им посакуваат долг живот и добро здравје.

Најнови вести од Македонија

To top