На 31.12.2023 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Л.Р.(19) с.Арнакија, скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 01.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ф.(22) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2024) во 02.40 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(23) од Црна Гора, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.