Полициски службеници од ОВР – Ресен вчера во 05:35 часот го лишиле од слобода Д.П., на возраст од 43 години од Кавадарци.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.