Во пресрет на почетокот на новата учебна година во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ целосно се заменуваат подовите со нова нелизгачка спортска подлогa.

Целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче.

„Со инвестициите во спортската инфраструктура обезбедуваме подобри и побезбедни услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за спорт“, изјави в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој денеска беше на увид во активностите.
Општина Аеродром останува посветена на спортот и на здравиот животен стил за сите генерации.