Кошарка Светски куп 2027 во Катар

Македонија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Македонија гостува кај Унгарија и по стартниот пораз во Куманово од Романија првата победа ќе се „брка“ на гостински терен.

Селекторот Марјан Илиевски за Унгарија, а потоа и за Романија ги однесе истите 15 играчи кои беа и во комбинација за дуелот во Куманово.

– Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што очекувам се подобри и подобри резултати понатаму, изјави еден од најмладите во составот Андреј Митревски.

Натпреварот се игра „Тисалигети“ Арена во Солнок, а ќе го судат Хулио Анаја од Панама, Александар Глишиќ од Србија и Мартин Вулиќ од Хрватска.

To top