Вториот натпревар од новата сезона во ПМФЛ, го донесе вечното дерби меѓу скопкси Вардар и Битолски Пелистер.
Во прекрасна атмосфера, на арената „Тодор Проевски“, а на радост на домашните навивачи, Вардар го совлада Пелистер убедливо со 4-1 .
Првата голема шанса ја имаше Омерагиќ, кој од идеална прилика не успеа да го загрози посериозно Ѓорчески. Гостите од Битола се заканија во 22.минута, но вардаровиот голман Талески беше внимателен.
Во 34-тата минута, Талевски уште еднаш го спасуваше вардаровиот гол и тоа по двојниот обид на Ристиќ. Вардарци повеќе ја контролираа топката, но пелистерци беа поконкретни. Во 42.,минута од далечина се закани и капитенот на зелено-белите Ивановски, но неговиот удар заврши крај голот.
Она што не го искористија гостите, домаќините го казнија и тоа во судиското дополнение. Се играте третата минута од продолжението (45+3), кога 19 годишниот Димитар Талев на ефектен начин му донесе водство на Вардар од 1-0.
Фудбалерите на Шкендија надмоќно ја почнаа одбраната на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар за сезоната 2025/2026, Шкендија со 5:1 го победи Шкупи.
Ќе остане забележано дека првиот гол во новата сезона го постигна Рамадани во осмата минута. Шест минути подцна Хајвали го изедначи резултатот.
Во која насока ќе се одвива натпреварот беше јасно во 17.минута кога поради вториот жолт картон беше исклучен Рустеми.
Четири минути подоцна Шкуши преку Зејнулаи ја материјализираше предноста на теренот.
Во вториот дел Ибраими постигна два гола, а точка на натпреварот стави Љатифи во 83.минута