Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди „сеопфатно“ спроведување на спасувачките операции откако 10 лица го загубија животот во поплави во покраината Гансу.
Триесет и три лица се водат како исчезнати во поплавите, објави кинеската државна телевизија.
Како што претходно беше објавено, во јужна Кина, реките се излеаја од своите корита, а стотици летови се откажани или одложени во Гуангџу, каде поплавените улици дополнително го влошуваат ширењето на вирусот чикунгуња.